“Поттикнување на принципите за бизнис и човекови права”е проект која има за цел да работи со сите засегнати страни – компании, релевантни институции и носители на одлуки, социјални партнери, граѓански организации и граѓани со цел да ги мотивира да преземат проактивен пристап во имплементацијата на Водечките принципи на ОН. Проектот ќе работи со чинителите за да им овозможи да ја препознаат својата улога, ќе им обезбеди можности за ангажирање, ќе ги зголеми нивните капацитети и ќе ги поддржи во нивните активности.

|ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТ: Зајакнување на економските и социјалните права во приватниот сектор преку унапредување на Бизнис и човекови права.

|КОНКРЕТНИ ЦЕЛИ

1. Активно учество на релевантните чинители во политичкиот дијалог и подигање на свесноста во однос на Водечките принципи на ОН за бизнис и човекови права (ВПОН);
2. Подобрено разбирање, капацитети и знаење во врска со насоките за бизнис и човекови права кај бизнис заедницата.

АКТИВНОСТИ

| КРЕИРАЊЕ ПОДАТОЦИ за почетната состојба и идентификување можности и предизвици за интеграција на човековите права во приватниот сектор: ƒ Спроведување на истражување за состојбата на човеквите права во бизнис секторот во државта

|ВОСПОСТАВУВАЊЕ ПОЛИТИКА ЗА ДИЈАЛОГ помеѓу повеќе чинители со цел да се зајакне имплементацијата на Водечките принципи на ОН: Преку партиципативен процес на локално и национално ниво, воспоставувајќи национална меѓу-секторска работна група и консултации со локалните чинители.

| ИЗРАБОТУВАЊЕ ПРЕПОРАКИ за политики за интеграција на Водечките принципи на ОН во националните политики врз основа на најдобрите практики на ЕУ: ƒ Подготовка на препораки за политики преку подготовка на НАП или интегрирање во стратегијата за ООП

| ПОДИГНАТА СВЕСНОСТ помеѓу засегнатите страни во однос на Водечките принципи на ОН како начин за остварување на економски и социјални права: ƒ Превод и објавување на Водечките принципи на ОН на македонски и на албански јазик – Национална конференција за Бизнис и човекови права

|КРЕИРАЊЕ И ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ АЛАТКИ за поддршка на компаниите во интегрирањето на Водечките принципи на ОН: Изготвување прирачник, креирање алатка за само-оцена и директна поддршка; ƒ Поддршка за 5 компании во имплементација на MAMFORCE стандардот ƒ Техничка поддршка за 5 компании во спроведување на претходна проверка за човекови права ва компанијата Воведување на програма за оддавање признанија за промовирање на добри практики; Студиска посета за најуспешните компании во препознавањето на важноста на ВПОН во нивната работа.

| ЗАЈАКНАТ КАПАЦИТЕТ за до 80 претставници од приватни бизниси и други чинители за унапредување на бизнисот и човековите права во пракса: ƒ Работилница за претставниците од релевантните институции и социјалните партнери; ƒ Работилници за претставниците од бизнисите.

Период на имплементација: 01.03.2018 – 31.12.2019 година

Show Buttons
Hide Buttons