Согласно правиликот за набавки на услуги и проектните активности предвидени со проектот “Мрежа на креативни претпријатија чии двигател се иновациите“, за потребите на реализирање на буџетските линии 4.5.1. и 6.5.1. Бизнис Конфедерација на Македонија распишува:
П о в и к
За ангажирање на тематски експерти – за развој на едукативна содржина за тренинг модули поврзани со промоција на иновации и креативност во МСП и иплементација на тематски едукативни работилници во рамките на проектот CIDE-NET
Бизнис Конфедерација на Македонија во рамките на проектот: “Мрежа на креативни претпријатија чии двигател се иновациите“,финансиски поддржан БалканМед во рамките на Интерег како дел од програмата за: “Европскиот фонд за регионален развој” објавува повик за ангажирање на експерти/консултанти за развој на едукативна содржина за тренинг модули поврзани со промоција на иновации и креативност во МСП и иплементација на тематски едукативни работилници во рамките на проектот CIDE-NET
Процедура за аплицирање и потребните критериуми се опишани во јавниот повик. Уредно пополнетата докумeнтација да се достави најдоцна до 16.00 часот на 30.11.2018 година.
Ненавремена, нецелосна и некомплетна документација нема да биде разгледана.
Со почит,
Бизнис Конфедерација на Македонија.