ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА ЕКСПЕРТИЗА ВО ОБЛАСТА НА ПРЕТПРИЕМАЧКИ ВЕШТИНИ И ПРИСТАП ДО ФИНАНСИСКИ УСЛУГИ

Овој повик за изразување интерес е наменет за изнаоѓање двајца консултанти и/или консултантски фирми со деловно и економско искуство, кои се квалификувани за развивање предлог политика и план за подобрување на поддршката за развој на претприемачки вештини во Република Северна Македонија.

Се повикуваат соработниците и/или консултантските фирми кои се заинтересирани за извршување на долунаведените задачи да ги поднесат своите пријави:

Активност
1.5.1 Трипартитно истражување на критичните области за поволна бизнис-клима за одржливи претпријатија (ОСОП) – претприемачка култура

 

1.5.1.  Трипартитно истражување на критичните области за поволна бизнис-клима за одржливи претпријатија (ОСОП) – пристап до финансиски услуги

 

Начин на аплицирање за надворешни соработници/консултантски фирми

Надворешните консултанти и/или консултантските фирми заинтересирани за соработка со ИПА проектот за Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го спроведува МОТ, во горенаведените области на експертиза се повикуваат да ги поднесат своите апликации најдоцна до 7 октомври 2019 година на следниве е-адреси: simjanoska@ilo.org; kalenzis@ilo.org и jovanovska@ilo.org, конкретно наведувајќи ја темата за која аплицираат.

Консултантските компании треба да го достават следново:

  • Пропратно писмо (краток преглед за компанијата)
  • Претходно искуство во соодветната област
  • Список референци

 

Индивидуални кандидати треба да го достават следново:

–   Кратка биографија (ЦВ)

–  Краток опис со објаснување дека имаат соодветно професионално знаење и искуство да учествуваат во споменатата проектна активност

 

Согласно правилата на МОТ за проекти, државни службеници не може да се ангажираат како експерти. МОТ го задржува правото да прифати или одбие каква било апликација. Изборот на кандидати ќе биде согласно проектните процедури на МОТ.

Погледнете го целосниот повик на следните линкови:

  1. Повик за изразување интерес
  2. Thirrje për shprehje interesi
  3. Call for expresion of interest. 

 

Show Buttons
Hide Buttons