Повик за ангажирање стручни лица за развивање на онлајн платформа(веб-портал)

Согласно правиликот за набавки на услуги и проектните активности предвидени со проектот “Правна и ресурсна платформа во Северна Македонија“, за потребите на реализирање на буџетските линии под наслов “Надворешна експертиза”  Бизнис Конфедерација на Македонија распишува:

П о в и к

За ангажирање стручни лица за развивање, поставување  и одржување на веб-платформа.

Бизнис Конфедерација на Македонија во рамките на проектот: “Правна и ресурсна платформа во Северна Македонија“,финансиски поддржан oд проектот “Зајакнување на социјалниот дијалот” спроведуван од Меѓународната Организација на Труд, а поддржан од Европска Унија, објавува повик за ангажирање на експерти веб-девелопери за дизајнирање, поставување, развој и одржување на нова онлајн платформа(веб-портал) кој ќе послужи за информирање, обучување, симнување и пополнување на документи(урнеци и правилници) и јакнење на капацитети на организациите и компаниите кои се членки на Бизнис Конфедерација на Македонија.

Процедура за аплицирање и потребните критериуми се опишани во јавниот повик на следниот ЛИНК. Уредно пополнетата докумeнтација да се достави најдоцна до 16.00 часот на 26.03.2021 година.

Ненавремена, нецелосна и некомплетна документација нема да биде разгледана.

Со поднесување на понуда понудувачот прифаќа да добие известување за исходот на постапката по електронски пат.

Show Buttons
Hide Buttons