Повик за ангажирање стручни лица за изготвување на анализа 1/2

Согласно правиликот за набавки на услуги и проектните активности предвидени со проектот “Правна и ресурсна платформа во Северна Македонија“, за потребите на реализирање на буџетските линии под наслов “Студии, истражувања”  Бизнис Конфедерација на Македонија распишува:

П о в и к

За ангажирање стручни лица за изготвување на  „Истражување и ситуациона анализа за „Правно катче““.

Бизнис Конфедерација на Македонија во рамките на проектот: “Правна и ресурсна платформа во Северна Македонија“,финансиски поддржан oд проектот “Зајакнување на социјалниот дијалот” спроведуван од Меѓународната Организација на Труд, а поддржан од Европска Унија, објавува повик за ангажирање на експерти/консултанти за изготвување на  ситуациона анализа и истражување за потребите на македонските компании и членките на БКМ, со цел да се произведат правни документи кои што ќе бидат соодветно прибрани и прикачени на дигитална платформа.

Процедура за аплицирање и потребните критериуми се опишани во јавниот повик на следниот ЛИНК. Уредно пополнетата докумeнтација да се достави најдоцна до 16.00 часот на 25.08.2020 година.

Ненавремена, нецелосна и некомплетна документација нема да биде разгледана.

Со поднесување на понуда понудувачот прифаќа да добие известување за исходот на постапката по електронски пат.

Show Buttons
Hide Buttons