План и Програма

БКМ во своите активности има свои приоритети и план, остварувањето на планот и програмата е во согласност со Статутот на организација .
Начинот на работа, политиката на делување, изразувањето на препораките, советувањето и начинот на комуникација со членовите , јавноста и социјалните партнери како целокупен инструмент е во рацете на бизнисот односно на членовите на БКМ.

БКМ низ своите активности обезбедува единствена можност за бизнис заедницата за:

Обезбедување на правни совети од областа ,економијата,правото,трудовото законодавство,безбедноста и здравје при работа,безбедност во процесирање на прехрамбени производи и др.

Презентација- веб страница,електронска презентација,комуникација со членовите,рекламирање во своите публикации-веб,месечен весник,брошури,летоци,конфернции.

Обуки и тренинг за проектен менаџмент, финансиски менаџмент, планирање, кризен менаџмент,корпоративно управување, интернационална комуникација, преговарање со вработените, работни договори

Застапување на членовите во работни спорови,колективно договарање,остварување дијалог на ниво на компанија,гранка,стопанска дејност.

Лобирање и претставување на интересите на членовите на ниво на Владата и Синдикатите, како и на европско ниво, во однос на европските институции и организации;

Обезбедување на информации и советодавни услуги на членовите на бизнис заедницата за прашања од заеднички интерес, од сверата на оданочувањето, работната сила, обука, правната регулатива за индустријата, заштитата на животната средина, пропагандата и истражување на пазарот;

Подготовка и промоција на аргументирани предлози пред Владата и и социјалните партнери , за разни прашања од областа на бизнисот и општествените одговорни практики.

Создавање на можности за полесно деловно поврзување со компании од ЕУ и од трети земји и да организира разни социјални манифестации, проспертитени можности за европската и локалналната бизнис заедница;

Обезбедува редовно информирање за промените кои влијаат врз бизнисот во земјата, преку организирање на работилници, семинари и други манифестации;

Учество во процесот на креирање на политика на ЕУ; преку воспоставување на ефикасни работни врски со Европската комисија и амбасадите на земјите членки на ЕУ во Скопје;

Асистирање на претпријатијата (членови и други правни лица) за воспоставување на корисни деловни контакти и да обезбедува информации за деловните партнери во земјата и во Европа;

Show Buttons
Hide Buttons