Одбележување на 15 години успешна работа на Бизнис Конфедерација на Македонија

(Скопје, 30.03.2017) – Со огромна мрежа од членови, бројни проекти, партнерства со клучни меѓународни организации и со јасно дефинирани приоритети за подобрување на бизнис климата во земјава, Бизнис Конфедерација на Македонија ја одбележа 15годишнината од своето постоење. Пред бројните гости, Министерот за финансии Кирил Миноски, претставници од ЕУ Делегацијата во Македонија и од Меѓународната организација на трудот, бизнис заедницата, Конфедерацијата ги објасни приоритетите во досегашната работа, партнерство и соработка, иновативност и знаења, транспарентност и создавање на општествено одговорни претпријатија.

Создавањето поволна бизнис клима се покажа како голем, но исто така и успешен предизвик. Во сите овие години постоење и работа, самостојно но и со помош на нашите партнери од меѓународните организации, успеавме делумно да ја подобриме бизнис климата во земјава од аспект на едукација, воспоставување на социјален дијалог, примена на корпоративно корисни практики и целосната перцепција на можностите и амбициите за раснење и развивање на бизнисот. Она што го постигнавме ни покажа дека имаме уште многу што да правиме, дека потенцијал постои и потребно е на македонските компании од секаков профил и обем, да им се укаже на бројните перспективи кои стојат пред нив. Така што, Бизнис Конфедерација на Македонија ќе продолжи и понатаму да ги артикулира и поддржува бизнис интересите на своето членство, но и воопшто на бизнис приликите во земјава“, изјави Миле Бошков, Претседател на Бизнис Конфедерација на Македонија.

Петнаесетгодишниот јубилеј беше обележан со организирање на панел дискусија на тема „Подобра бизнис клима за бизнис независност и интегритет“. Панелистите Зоран Мартиновски, Директор на Меѓународната Финансиска Корпорација, членка на групацијата на Светска Банка се осврна на процесите кој ги воведуваат компаниите за да го достигнат нивото на долготрајна одржливост и бизнис независност. Дарко Маџоски, експерт за насочување, управување и тренирање со менаџери изнесе ставови и знаења за околу клучните постапки и чекори за достигнување на целосен бизнис интегритет за фирмите. Родовата еднаквост во насока на еднакво и балансирано управување со бизнисите и дали бизнис интегритетот е тесно условен со бизнис родова рамноправност беше експозето на Валентина Дисоска, Претседател на Здружението на бизнис жени и стопанственик. Жан Мари Стандарт, сениор експерт од Холандската програма за управување со здруженија на работодавачи се осврна на улогата на работодавачите во креирањето на бизнис независност.

Покрај претставувањето и застапувањето на интересите на своите членови, БКМ е катализатор на изразување на деловната заедница и поттикнувач на социјалниот дијалог и индустриските односи во земјата. Промовирајќи го концептот на одговорно водење на бизнис, поттикнува одржливост на економијата и долгорочен развој на компаниите. Денес членството на БКМ брои 8.500 компании здружени во 13 деловни здруженија, со две регионални канцеларии во Прилеп и Тетово и централата во Скопје.

Организацијата на настанот и одржувањето на панел дискусија се поддржани и овозможени од проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“, кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

 

17757465_1407359832667807_382255720067687523_n

17796062_1407356096001514_4894072351888158456_n

17798905_1407359662667824_7095429809100787798_n

IMG_1022

17795900_1407360286001095_9007869845746045849_n

17800200_1407356679334789_3756907353835848074_n

17523037_1407355489334908_6176619192897213620_n

17799935_1407356852668105_1383879333051477155_n

Миле Бошков претседателот на Бизнис конфедерацијата на Македонија имаше свое телевизиско интервју во економската емисија „Профит“ на Наша ТВ и зборуваше за  15-годишниот придонес на БКМ во промовирањето на компаниите, иновативноста и активностите на работодавците и економијата. БКМ веќе 15 години го поддржува бизнис-секторот нуди своја експертска помош на компаниите, експерти, економисти,  менаџери, институции се во насока да го даде својот придонес за компаниите да работат поуспешно.

Во прилог е интервјуто кое го имаше Миле Бошков, претседател на Бизнис Конфедерација на Македонија во емисијата ”ПРОФИТ”

Show Buttons
Hide Buttons