Започнаа обуките за поддршка на самохрани мајки во рамки на проектот “Програма за (само)вработување на самохрани мајки“

Во рамките на проектот „Програма за (само)вработување на самохрани мајки“ спроведуван од организациите: Бизнис конфедерација на Македонија, Институт за менаџмент поддршка и Здружение на бизнис жени,. финансиран преку ИПА 1 програмата, во текот на целата 2017 година, активно спроведува активности, во повеќе фази,во општините: Битола, Штип и Скопје (Општина Центар).

Во периодот Мај – Јуни се спроведуваат првиот циклус на обуки со следните теми: Професионална комуникација, менаџмент, тимска работа, управување со луѓе, задачи и време, вештини за вработување и изработка на бизнис шлан.

Првата од циклусот обуки, “Професионална комуникација и асертивност”  започна вчера во Општина Центар – Скопје во Канцеларијата за млади на О. Центар. На обуката присуствуваат дваесет жени, самохрани мајки, со процент на жени жертви на семејно насилство. Во рамките на проектната програма обезбедена е и просторија за престој на децата за кои се грижи професионален тим.

Цел на проектот е спроведување на сеопфатен модел за поддршка на самохраните мајки (особено на жртвите на семејно насилство) за да им помогне во потрагата и искористувањето на можностите за постојано вработување и самовработување, во соработка со општините, одговорните институции и бизнис секторот, преку соодветни обуки и менторски процеси.

Во наредниот пероиод обуките ке се одвиваат и во Штип и Битола.

Show Buttons
Hide Buttons