Водич за работодавачи за управување на работното место за време на КОВИД – 19

Почитувани,

Ви го претставуваме Водичот за работодавачи за управување на работното место за време на КОВИД – 19 кој го подготви Бизнис Конфедерација на Македонија во соработка  со Меѓународната организација на трудот.

Ги охрабруваме сите заинтересирани компании да го преземат документот кој содржи насоки и совети како работодавачите да го заштитат работното место, како да се заштитат од отпуштање на работници, како да ја регулираат работата од дома и безбедноста и здравјето при работа за време на пандемијата КОВИД – 19, а сето тоа согласно важечките национални закони и мерките и  препораките на Владата на Република Северна Македонија.

Овој водич за работодавачи се заснова на извори, упатства и мерки објавени од страна на Светската здравствена организација (СЗО), Владите, организациите на работодавачи и бизнис асоцијациите со особен осврт на насоки за работодавачи за време на КОВИД-19: Управување со вашето работно место за време на епидемија, објавена од австралиската трговска и индустриска комора.

Овој водич е развиен од Бирото на МОТ за активности на работодавачите како општа референца за организациите на работодавачи да ги споделат со деловна заедница во нивните земји.

На следниот ЛИНК може да го преземете водичот БЕСПЛАTНО.

Show Buttons
Hide Buttons