БКМ на Balkan Employers Round Table

На 22ри Март оваа година во Љубљана се оддржа првиот “Balkan Employers Round Table” настан. Како засегната страна за работодавачите во Република Македонија, на овој настан присуствуваше Бизнис Конфедерација на Македонија да го произнесе своето мислење и досегашно искуство во нашата земја.

17426077_1391618687575255_7213676285200581210_n

На овој настан беа дискутирани неколку теми: улогата на организациите за бизнис и работодавачи во Европа, пристапот на Европската Унија кон балканските земји, како и социјалнит дијалог во истите. Претставниците на организациите имаа можност да ги разменат своите гледишта и изминати искуства во отворена дискусија, како и да остварат нови контакти за потенцијална понатамошна соработка.

17425820_1391618704241920_8875805135454621914_n

Balkan Employers Round Table исто така послужи како состанок на членовите на AREC(Adriatic Region Employers Center) на кој беа презентирани националните економии и можности за реорганизација на бизнисот од регионот како дел од единствениот глобален пазар. Целиот овој настан беше организиран од страна на Асоцијацијата на работодавачи во Словенија како и Европскиот комитет за економски и социјални прашања – Група на работодавачи.

 

 

 

Show Buttons
Hide Buttons