Бизнис Конфедерација на Македонија и додели признание за општествена одговорност на Охридска Банка Сосиете Женерал

Успешноста на секој правен субјект денес ги надминува границите поставени пред речиси два века кога компаниите беа исклучиво заинтересирани и фокусирани на создавањето на профит и искачувањето на скалилата на богатството и профитабилноста. Имајќи ги предвид општествените промени и менувањето на климата во која што денес функционираат компаниите – одговорното општествено работење, вклучувањето на социјалната заедница, грижата за животната средина стануваат критериуми без кои што воопшто и не може да се оценува успехот и работата на компанијата.

Перманентно развивајќи практики на општествено одговорно однесување во своето работење, Охридска Банка продолжува да ги инкорпорира принципите во својата деловна стратегија, со цел на етички и на транспарентен начин да ја афирмира својата определба за одржлив развој со едновремено остварување на интересите на своите чинители. Охридска Банка, ги следи интернационалните стандарди а со тоа докажува дека корпоративната култура и човечкиот капитал се најважен дел од компанијата. Да се биде банка со бројни признанија,  претставува двигател но и предизвик за банката да продолжи да ги унапредува општествено одговоните практики.

Препознавајќи ги заложбите за понуда на уникатни производи во согласност со потребите и очекувањата на македонските граѓани, Бизнис-конфедерацијата на Македонија ѝ ја додели „Меѓународната награда за општествена одговорност“ на Охридска банка Сосиете Женерал за концептот „План за стан“, категоризирајќи го како проект од општествен интерес кој има придонес кон пазарот и клиентите.

Концептот „План за стан“, со вклучено кредитно животно осигурување, Охридска банка Сосиете Женерал го претстави на почетокот од минатата година, со цел да им обезбеди на клиентите уникатен производ на станбен кредит кој се одликува со најдолг временски период на гарантирана каматна стапка, транспарентност и безгрижност, бидејќи клиентите со сигурност го знаат износот на својата месечна рата.

Имено, Охридска банка Сосиете Женерал им овозможува на клиентите, кои ќе аплицираат за станбениот кредит „План за стан 2030“, да изберат меѓу двата пакета за животно осигурување, и тоа: основниот пакет за кредитно животно осигурување со осигурителна премија од 0,44 % годишно од износот на кредитот или целосниот пакет за кредитно животно осигурување со осигурителна премија од 0,85 % годишно од износот на кредитот.

‒ Ни претставува чест и задоволство што, покрај признанијата од страна на клиентите, и институциите во државата ги препознаваат заложбите на нашата банка во развојот на производи и услуги кои во целост ги задоволуваат барањата и потребите дури и на најспецифичните категории клиенти. Со концептот „План за стан“ со кредитно животно осигурување, клиентите точно го знаат износот на месечната рата, без ниту едно изненадување во иднина или скриен трошок. Уверени сме дека создадовме портфолио кое дури и на најколебливите клиенти ќе им ја олесни одлуката за долгорочно планирање и обезбедување сопствен дом, со оглед на тоа што сигурноста, стабилноста и транспарентноста се клучни при купувањето на сопствен дом. Уште една потврда за нашата посветеност кон клиентите е дополнителното кредитното животно осигурување со кое, во случај на немил настан, клиентите добиваат дополнителна сигурност и финансиска поткрепа на семејството“, изјави Бранка Павловиќ, Претседател на Управниот одбор на Охридска банка Сосиете Женерал.

При доделувањето на наградата, Извршниот претседател на Бизнис-конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков, истакна дека Охридска банка Сосиете Женерал поседува стратешки приод кон општествената одговорност кој со години наназад промовира и укажува на успешни општествено одговорни практики во нашата земја, за односот кон вработените и општеството, односите на пазарот, кои можат да се користат како позитивен пример и мотивација за останатите банки.

Во 2015 година, Охридска банка Сосиете Женерал ја освои наградата за општествена одговорност во категоријата Односи на пазарот за проектот „Осигурување на кредитни и дебитни картички“.

 

 

Show Buttons
Hide Buttons