„Форум за унапредување на инвестициската клима меѓу ЕУ и Западен Балкан“

8 јуни 2017, Белград, Србија – Бизнис заедницата e претставувана од Претседателот на Бизнис Конфедерација на Македонија, г-динот Миле Бошков, на конференцијата “ЕУ – Западен Балкан инвестициски форум” којa што се одржува во Белград. Конференцијата е организирана од страна на Генералниот директорат за проширување на Европската комисија и има за цел да ја истакне важноста за координацијата на економските политики за унапредување на економскиот и општествен напредок, во стратегијата на проширување на ЕУ.

На форумот присуствуваа претставници на јавниот и приватниот сектор, локалните бизниси и странски директни инвеститори, академските институции и граѓанското општество, како и претставници од Европа и од регионот. И сите делеа заедничка цел: да се работи на поттикнување на растот на Западен Балкан со истражување на можностите за инвестирање во регионот.

Овој форум се одржува на само еден месец пред 4-ти годишниот самит на Западен Балкан во Трст, на која ќе се промовира понатамошна регионална и економска интеграција и  добра вест е што само пред две недели, ЕУ и министрите за финансии на земјите кандидатки за членство во ЕУ  се согласија и ги прифатија конкретните препораки за реформи во нивните економските политики.

Еврокомесарот Јоханес Хан јасно изјави пред присутните: ”Нашиот фокус се земјите од Западен Балкан” и со тоа тој испрати јасна политичка порака: ”ЕУ е посветена на процесот на проширување и ние работиме многу  на клучните области за раст и развој. Желбата да се биде дел од европското семејство е заедничка, и ние одиме по патот заедно”.

Во текот на изминатите десет години, трговската размена меѓу земјите од Западен Балкан и ЕУ е двојно зголемена, достигнувајќи 44 милијарди евра во 2016 година (исто така извозот од Балканските земји е зголемен двојно, од 7 милијарди евра до 18 милјарди евра во последните десет години). Странските директни инвестиции од ЕУ во Балканските земји во моментов претставуваат околу 50% од вкупниот број на акции и анализирано од 2015 година и тие се во пораст.

Инвеститори знаат дека трговската размена меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан е веќе многу либерализирана, а дека прогресивното усогласување на правилата и стандардите ќе создаде еднакви услови за сите инвеститори.

Еврокомесарот  Хан исто така истакна дека една од најважните инвестиции на ЕУ е физичкото поврзување на регионот со остатокот од Европа, она што тие го нарекуваат “Поврзувачка Агенда”. ”Имаме доделени 1,3 милијарди евра како грантови кои имаат за цел да дадат поддршка за земјите од Западен Балкан и до 2020 година 13,5 милијарди евра инвестиции ќе се алоцираат во јавниот и приватниот сектор во клучните сегменти како: енергија, животната средина и транспортот”. Изградбата на мостови и поврзувањето на регионот ќе придонесе за развојот на добрососедските односи и понатамошното промовирање на мирот во прилог на поголеми економски бенефиции.

Присутните на самитот се согласија дека владеењето на правото и економскиот развој се две страни на иста монета. Благодарение на демократските вредности, основните права и принципи на кои се базира ЕУ, исто така и политичка стабилност која е основен предуслов за економски раст што на унијата и помогна многу брзо да се опорави од финансиската криза, при што невработеноста во моментнтот е на 8-годишен минимум. Затоа за земјите од Западен Балкан, зајакнувањето на владеењето на правото е веројатно една од најсигурните потпори за подобрување на деловната клима и затоа сите преку заедничка соработка треба да работат во таа насока.

Сивата економија можеби е една од најголемите причини за загриженост во регионот; таа ги намалува даночните приходи, доведува до нелојална конкуренција и негативно влијае на вештините на работниците, како и квалитетот на работните места. Странските инвеститори нема да сакаат да дојдат во регионот ако тие знаат дека  би можеле да се соочат со нелојалната конкуренција од полу-легалните бизниси. Зајакнување на владеењето на правото е од клучно значење за подобрување на бизнис и инвестициската клима во регионот. Ова значи силни и независни институции, спроведување на законодавството и модернизација на  јавната администрација.

Клучниот фактор за успех на ЕУ како еден од најмоќните економски актери на планетата, произлегува од нивното здружување. Членките се здружени за да имаат најголем единствен пазар кој ќе им дозволува на инвеститорите да достигнат максимум на потрошувачите / пазари. Долго време пред еден пазар на ЕУ, организацијата Бенелукс вршеше слична работа во помал обем, но големината е важна за инвеститорите затоа поврзувањето на овој регион ќе го забрза неговиот развој.

Во Македонија еден од најголемите предизвици со кои се соочува деловното опкружување со честите законски измени и парафискални давачки на различни административни нивоа. Главните слабости покрај честото менување на легислативата, се и недоволните консултации на засегнатите страни, но и големиот неформален сектор, како и проблематичниот пристап до финансии за малите и средните претпријатија. Оправдана реформска мерка е намалување на уделот на сивата економија, која не партиципира со приходи во буџетот, а дополнителен ефект е што ја нарушува конкурентноста во приватниот сектор. Севкупно, потребен е фокус на структурни реформи за развој на приватниот сектор и подобрување на конкурентноста,

Како конфедерација што ги застапува интересите на бизнис заедницата во Македонија,  во соработка со Меѓународната Организација на Трудот, изготвивме приоритетни предлог политики и стратегии базирани на најпроблематичните точки во работата на деловните субјекти, владеење на правото, пристап до финансии, претприемачка култура, лојална конкуренција и овозможувачка правна и регулаторна, кои ќе придонесат во подобрување на бизнис климата во Македонија.

Изминатите години напорите на Р. Македонија за унапредување на условите за водење бизнис се препознаени од страна на меѓународните институции и извештаи, но бројот на новоосновани бизниси се намалува, а претприемачите идентификуваат низа тешкотии во водењето и развивањето на бизнисот. Предизвиците се идентификувани како во реалните услови за водење бизнис и спроведувањето на регулативата, така и во квалитетот на образовниот систем да генерира идни претприемачи но и кадри кои му се потребни на стопанството. Во оваа насока очекуваме  политики кои делуваат во две насоки: 1) унапредување на реалното опкружување за водење бизнис и 2) поттикнување на претприемачка култура преку образовниот систем.

Дополнително, во склоп на форумот остварени се состаноци во насока на креирање на нови политики за привлекување на домашни и странски инвеститори во Македонија, бидејќи во овој период на Македонија најмногу и требаат општествено одговорни инвеститори. Бизнис Конфедерација на Македонија смета дека потребата за имплементација на програмата за економски реформи треба да се постави како приоритет.

На овој форум лидерите на Западен Балкан креатори на економските политики, инвеститорите на ЕУ како и регионалнити локалните бизниси дискутираа за важноста на структурните реформи како средство за подобрување на инвестициската клима, како и зголемено учеството на приватниот сектор во креирањето и спроведувањето на структурните реформи.

 

 

 

Show Buttons
Hide Buttons