Раст на малите и средните претпријатија(МСП) во Европа

Преку “Еразмус за млади претприемачи” интернационалните размени, ние вметнуваме извонредни луѓе и значајни деловни искуства во животот на младите претприемачи. Размената се одвива во рамките на проектот “Раст на МСП во Европа” (SGE), предводен од Стопанската и индустриска комора Жирона (Шпанија), а кофинансиран од Европската комисија.воведуваме.

Преку проектот SGE, ние ги поддржуваме младите и потенцијалните претприемачи во Македонија да ги развиваат своите бизниси или бизнис идеи преку работа со искусни претприемачи од други земји на ЕУ. Во исто време, успешните претприемачи од Македонија можат да го споделат своето искуство и нивните бизниси можат да станат модели за добри практики за други млади европски претприемачи.

Овој проект започна во Февруару 2018, и до почетокот на 2020, партнерите целат да допрат до барем 300 млади и искусни претприемачи од Шпанија, Италија, Романија, Полска, Грција, Австрија, Малта, Македонија, Унгарија и Холанија, и да поддржат и финансираат 160 интернационални размени.

Бидете во тек со проектот со следење на фб страната:

https://www.facebook.com/SGEConsortium/

Проверете ја програмата “Еразмус за млади претприемачи” и пријавете се како млад(нов) или искусен(домаќин) претприемач на следниот линк:

www.erasmus-entrepreneurs.eu

Show Buttons
Hide Buttons