Предмет: ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОБУЧУВАЧ ЗА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА

ИНСТРУКЦИИ ЗА ПОНУДУВАЧИ

Бизнис Конфедерација на Македонија објавува повик за ангажирање стручни лице за одржување на обуки за општествена одговорност на претпријатијата.

 

КРАТОК ОПИС НА ПРОЕКТОТ: Бизнис конфедерација на Македонија во соработка со Институт за менаџмент поддршка и Асоцијација на Бизнис жени на Македонија, во рамки на Оперативната програма за развој на човечки ресурси 2007-2013, во текот на 2017 година спроведува проект за поддршка при вработување и само-вработување на самохрани мајки.

Проектот првенствено ќе ги опфати жените кои живеат на територија на Скопје, Штип и Битола, меѓутоа можност да се вклучат ќе добијат и заинтересирани лица кои живеат во регионите кои гравитираат кон овие подрачја.

Целна група:

  • Самохрани невработени мајки кои живеат на територија на Скопје, Штип и Битола;
  • Невработени жени, жртви на семејно насилство;

Цел на програмата:

Да се развие модел за поддршка на самохрани мајки и жени жртви на семејно насилство во процесот на нивно вработување и само-вработување;

 

ОПИС НА ПОТРЕБНИТЕ УСЛУГИ

 Бизнисите треба да бидат профитабилни, но нивната употреба на природните ресурси и чувствителност кон потребите и аспирациите на обичниот човек е исто така од клучно значење за долгорочниот опстанок и раст. Одржливоста на бизнисот вклучува не само економска одржливост во тесната смисла на овој термин, туку и социјална и еколошка одржливост со вливот на човечки, финансиски, социјален и еколошки капитал.

За таа цел, БКМ има потреба од ангажирање на стручно лице – обучувач за општествена одговорност на претпријатијата што опфаќа:

  • Разбирање на корпоративната општествена одговорност
  • Како ООП придонесува за една компанија
  • Корпоративна општествена одговорност за работа/семејна рамнотежа
  • Важноста на родовата рамноправност во известувањето за корпоративна општествена одговорност

Ангажманот на стручното лице-обучувач е планиран за втората половина од месец септември 2017г. (Точниот датум со место на одржување на обуките ќе биде дополнително договорени).

  1. Предмет на повикот:

Предмет на овој повик е изразување на интерес за обучувач на три едно-дневни обуки за општествена одговорност на претпријатијата.

  1. Право на учество:

Право на учество имаат правни лица без разлика на правна форма (организација, консултантска фирма, претпријатие, институција), како и физички лица, кои имаат искуство во работење со деловниот сектор, со мисија за развој на претпријатијата, како и мисија за одговорноста на претпријатието за влијанието на неговите одлуки и активности врз општеството и животната средина.

  1. Критериуми за апликанти
  • Минимум 3 години искуство во соодветната област
  • Високо образование
  • Широко познавање од областа на економијата и социјалната вклученост
  • Да покажуваат интерес за општествената одговорност на претпријатијата
  • Претходно искуство во одржување на обуки во оваа област ќе биде сметано за предност
  • Да поседуваат добри комуникациски вештини и проактивен пристап со добри организациски вештини и тимска работа
  1. Локација

Локацијата на обуките ќе биде во Скопје, Битола и Штип.

  1. Рок за изразување на интерес 

Повикот е отворен до 11.09.2017 година.

  1. Таргет

Компании – Оваа обука е наменета за директорите, менаџерите за човечки ресурси, менаџерите за    комуникации, менаџерите за ризик, менаџерите за ООП и другите одговорни за успехот на компанијата во областа на корпоративната одговорност, да започнат со ООП и да бараат практични начини да ги исполнат иницијативите за ООП.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:

Консултантските компании треба да ги поднесат следниве документи :

  • Портфолио на организацијата
  • Методологија и организација за предложената активност
  • Цената за понудената услуга без ДДВ

Индивидуалните експерти треба да ги поднесат следниве документи :

  • Работна биографија
  • Краток опис кој ќе укаже дека го поседуваат соодветното професионално знаење и искуство за да учествуваат во горенаведената активност
  • Методологија и организација за предложената активност
  • Бруто цена за понудената услугатa

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

  • Работна биографија/Портфолио                                                                      30 поени
  • Квалитет на понудата (организација, методологија)                                 40 поени
  • Понудена цена                                                                                                       30 поени

                                                                                                                      Вкупно 100 поени

ПРОЦЕДУРА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Експертите или консултантските институции кои се заинтересирани да соработуваат можат да ги поднесат  потребните документи на следната е-маил адреса contact@bcm.mk или ms@bcm.mk,  или лично  на адреса: ул. Васил Ѓоргов бр.11 (втор спрат)

Понудите заедно со бараната документација треба да се достават  најдоцна до понеделник 11 Септември 2017 година до 16.00 часот, а понудувачот со најмногу освоени поени ќе биде земен во предвид за разгледување и дополнително ќе биде известен и повикан за склучување на договор.

Кандидатите кои нема да достават целосна документација, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид.

Повикот можете да го погледнете и на следниот линк

Show Buttons
Hide Buttons