Повик за истражувачи

ИНСТРУКЦИИ ЗА ПОНУДУВАЧИ

Бизнис Конфедерација на Македонија објавува повик за ангажирање стручно лице за изготвување на истражување – асистенти истражувачи под наслов „Анализа на потребите на претпријатијата во склоп на иновациите и креативноста“.

КРАТОК ОПИС НА ПРОЕКТОТ:

Бизнис конфедерација на Македонија во рамките на програмата Interreg Balkan Mediterranean, во текот на 2018 година спроведува проект за поттикнување на иновациите и креативноста во малите и средните претпријатија.

Проектот првенствено ќе ги опфати управителите и вработените во мали и средни претпријатија на територија на Скопје, Прилеп, Битола и Тетово.

Целна група:

Сопственици и вработени во мали и средни претпријатија кои ќе бидат дел од интензивни обуки поврзани со иновации и креативност се со цел да се зголемат нивниот потенцијал за иновативност и конкурентност.

Цели на програмата:

  • Да се развијат програми за претприемачко учење за поттикинување на иновативност и зајакнување на конкурентноста на малите и средните претпријатија.
  • Воспоставување долгорочни обуки и соработка преку менторски програми за да се надградат слабите и застарени работни вештини со цел да се постигне позитивно влијание на прекуграничната соработка, регионалниот развој и економскиот раст.

 

 ОПИС НА ПОТРЕБНИТЕ УСЛУГИ

 БКМ има потреба од ангажирање истражувачи што опфаќа:

  • Комуникација со компании (минимум 80 испитаници од локација -Скопје, Прилеп, Битола и Тетово),
  • Комуникација со лидерот на истражувањето
  • Учество во изработката на завршниот документ од спроведено истражување

Ангажманот на стручните лица на истражувањето е планиран за периодот декември 2017та – јануари 2018та година.


КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИ

Физичките лица или консултантските компании кои се заинтересирани да соработуваат можат да ги поднесат  потребните документи на следната е-маил адреса contact@bcm.mk или на bt@bcm.mk ,  или лично  на адреа: ул. Васил Ѓоргов бр.11 (втор спрат).

Кандидатите потребно е да ги имаат следните квалификации:

  • Минимум 3 години искуство во соодветната област
  • Високо образование
  • Широко познавање од областа на економијата и социјалната вклученост
  • Да покажуваат интерес за истражување на економски и општествени науки, со претходно искуство во истражување и застапување на политики
  • Квалификувани за обработка на податоци и истражување
  • Претходно искуство во истражување и водење на интервјуа/фокус групи ќе биде сметано за предност
  • Да поседуваат добри комуникациски вештини и проактивен пристап со добри организациски вештини и тимска работа


ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:

Консултантските компании треба да ги поднесат следниве документи :

  • Портфолио на организацијата
  • Цената за понудената услуга без ДДВ
  • Методологија и организација за предложената активност

Индивидуалните експерти треба да ги поднесат следниве документи :

  • Работна биографија
  • Краток опис кој ќе укаже дека го поседуваат соодветното професионално знаење и искуство за да учествуваат во горенаведените проектни активности
  • Бруто цена за понудената услугата
  • Методологија и организација за предложената активност


КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

  • Работна биографија/Портфолио    30 поени
  • Квалитет на понудата                         40 поени
  • Понудена цена                                       30 поени

                                                                        Вкупно 100 поени

 

ПРОЦЕДУРА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Понудите треба да се достават бараната документација најдоцна до  5ти декември 2017 година до 16.00 часот, а понудувачот со најмногу освоени поени ќе биде земен во предвид за разгледување и дополнително ќе биде известен и повикан за склучување на договор.

На повикот може да се пријават физички или правни лица. Предвид ќе бидат земени само оние пријави кои ги исполнуваат условите и кои ќе испратат комплетна документација.

Сите кандидати ќе бидат известени за резултатите од Конкурсот, во рок од 5 дена по затворање на конкурсот.

Повикот можете да го најдете и на следниот линк.

Show Buttons
Hide Buttons