Повик за ангажирање обучувач за одржување на вокациски обуки во Скопје, Битола и Штип

Инструкции за понудувачи
Здружението на бизнис жени објавува повик за обучувач за вокациски обуки со следниве содржински спецификации:
1. ВОВЕД
Здружението на бизнис жени (Нарачател) со седиште на ул. „Васил Ѓоргов“ бр. 11, 1000 Скопје, како партнер, заедно со Бизнис конфедерација на Македонија и Институт за менаџмент поддршка, го спроведува проектот „ПРОГРАМА ЗА (САМО)ВРАБОТУВАЊЕ НА САМОХРАНИ МАЈКИ“, финансиран од Европската Унија, и заради спроведување на проектните активности во рамки на проектот објавува Повик за ангажирање обучувач за одржување вокациски обуки.
2. ОПИС НА ПОТРЕБНИТЕ УСЛУГИ
Според добиениот Извештај за потребни вештини на пазарот на трудот и целната група, Здружението на бизнис жени има потреба од ангажирање на обучувач за Скопје, Битола и Штип за одржување вокациски обуки за компјутерски вештини (graphic design, social media).
Целната група на обуките се жени самохрани мајки, и жени жртви на семејно насилство, како таргет група, заинтересирани за подобрување на своите вештини и квалификации, со цел подобра позиција при (само)вработување.
Ангажманот за сите вокациските обуки, на секоја локација, e во времетраење од 4 дена, по 1 ден неделно, од по минимум 8 часа, во период од 4 недели. Термините за испорачување на обуките ќе биде во рамки на проектот, во тек на месеците септември и октомври, во Скопје. Покривање на трошок за превоз на обучувачите за реализирање на обуките не е предвидено. Организацијата на обуките, вклучувајќи логистика, обезбедување учесници, промоција и др. е обврска на нарачателот.

Работните обврски на обучувачите ќе бидат:
 Подготвување на работни материјали за обука според насоките на нарачателот;
 Одржување на вкупно 4 (четири) обуки – по една неделно, за мин.10 учесници, со времетраење по обука од минимум 8 часа.

3. ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
При аплицирањето кандидатите треба да достават:
 Биографија (CV)
 Листа на референци (листа од организации со кои претходно е работено на соодветната тематика)
 Предлог програма за одржување на обуката
 Методологија на програмата
 Цена на чинење на услугата (бруто сума со вклучен персонален данок) по ден, за вкупно 4 дена

4. КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИ
Апликантите мора да ги исполнуваат следниве критериуми:
 Високо образование;
 Основни познавања од аспект на личен и кариерен развој;
 Проширени познавања на областите наведени за обуката;
 Искуство во испорака на обуки.

5. КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНКА НА ПОНУДИ
Следниве критериуми ќе бидат искористени за оценка на добиените понуди:
Технички критериуми Бодови
1 Релевантно искуство 10
2 Предлог програма за обука 40
3 Референтна листа 10
4 Цена 40

6. ПРОЦЕДУРА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Апликантите треба да достават комплетна понуда со сите барани документи на е-маил info@abw.mk најдоцна до 12.09.2017, вторник, до 16 часот со назнака Апликација за вокациски обучувач. Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.

7. ИНФОРМАЦИИ
Повеќе информации може да бидат побарани на 02 / 314 0703 или на е-маил info@abw.mk

Сите поединечни огласи од овој повик за секој од градовите може да ги погледнете тука:

Повик за тренер – Вокационен тренинг Скопје

Повик за тренер – Вокационен тренинг Битола

Повик за тренер – Вокационен тренинг Штип

 

 

Show Buttons
Hide Buttons