ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПРОСТОР, ПОМОШНИ МАТЕРИЈАЛИ И ОСВЕЖУВАЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПСИХОСОЦИЈАЛНИ СЕСИИ

ИНСТРУКЦИИ ЗА ПОНУДУВАЧИ

Бизнис Конфедерација на Македонија објавува повик за  обезбедување на простор , помошни материјали и освежување за време на психосоцијални сесии кои ќе се одржуваат во Скопје, Битола и Штип.

 

КРАТОК ОПИС НА ПРОЕКТОТ: Бизнис Kонфедерација на Македонија во соработка со Институт за менаџмент поддршка и Асоцијација на Бизнис жени на Македонија, во рамки на Оперативната програма за развој на човечки ресурси 2007-2013, во текот на 2017 година спроведува проект за поддршка при вработување и само-вработување на самохрани мајки.

 

Проектот првенствено ќе ги опфати жените кои живеат на територија на Скопје, Штип и Битола, меѓутоа можност да се вклучат ќе добијат и заинтересирани лица кои живеат во регионите кои гравитираат кон овие подрачја.

 

Целна група:

  • Самохрани невработени мајки кои живеат на територија на Скопје, Штип и Битола;
  • Невработени жени, жртви на семејно насилство;

 

Цел на програмата:

Да се развие модел за поддршка на самохрани мајки и жени жртви на семејно насилство во процесот на нивно вработување и само-вработување;

 

 

 

  1. ОПИС НА ПОТРЕБНИТЕ УСЛУГИ

 

Понудувачот треба да ги обезбеди следните услови:

 

  • Да обезбеди работна просторија со капацитет од 25 луѓе, за одржување 28 средби по локација во период од 01.06.2017 до 26.12.2017 година.
  • Аудио –визуелна опрема ЛЦД проектор,платно и сл
  • Да обезбеди дополнителна просторија до главната работната просторија
  • Кетеринг (грицки и освежителни пијалоци) за време на сесиите
  • Да се понуди единечна цена за освежување по лице
  • Материјали (тефтери, пенкала, папки ,бели листови, кеси )

 

Спецификација на материјали

ПРЕДМЕТ ОПИС количина
тефтер тефтер со спирала, 90 листа 210
пенкала   210
папки хартиени А4 210
бели листови А4 формат 90 грамски 45
кеси хартиени   210
хартија во боја 90 грамски 3

 

Набавката на овој повик е неделлива, односно секој понудувач мора да одговори на вкупното барање за сите ставки, во спротивно се смета дека понудта е нецелосна и ќе биде одбиена.

 

Понудувачот во случај на избор на неговата понуда е должен да обезбеди фактура од Управата за јавни приходи без ДДВ проследена со испратница, заради исплатата на средства.

 

  1. Право на учество:

Право на учество имаат правни лица без разлика на правна форма .

 

  1. Цена

Предложената цена за побараните услуги треба да е фиксна, без вклучен ДДВ и изразена во денари.

 

  1. Локација

Локацијата – Скопје, Битола и Штип.

 

 

 

 

  1. Рок за изразување на интерес 

Повикот е отворен од  09.05.2017 година

 

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

 

Слeдниве критериуми ќе бидат искористени за оценка на добиените понуди:

 

 

Технички критериуми бодови
достава на понуда согласно дадениот рок за понудување 20
комплетност на понуда и усогласеност со барањата 20
Финансиски критериуми  
цена 60

 

 

 

 

ПРОЦЕДУРА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

 

Заинтересирани субјекти треба да достават скенирани понуди со технички и финансиски предлог на contact@bcm.mk  или  bj@bcm.mk најдоцна до 16.05.2017год. до 16 часот.

 

Понудите треба да бидат заверени со  потпис од одговорно лице.

Заинтересираните субјекти кои ќе достават целосна документација, по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид.

 

 

ИНФОРМАЦИИ

 

Повеќе информации може да бидат побарани на contact@bcm.mk или bj@bcm.mk или на телефонскиот број 02/ 3224 762

Show Buttons
Hide Buttons