Информативна сесија за потенцијални апликанти Национална награда во 2017 година за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатијата

Денес, 3 јули 2017 г. во ЕУ Инфо центарот се одржа Информативна сесија за потенцијални апликанти за Националната награда за најдобри Општествено Одговорни Практики на македонските претпријатијата во 2017 година.
На конференцијата организирана од Бизнис Конфедерација на Македонија, Министерството за економија и Координативното тело за општествена одговорност, македонските компании беа информирани како можат да се стекнат со признанија од пошироката општествена заедница во земјава, но и меѓународно, бидејќи станува збор за награда која е веќе призната надвор од Македонија.

Целта на оваа сесија беше да им се дадат подетални информации на потенцијалните претпријатија-апликанти при пристапувањето кон апликацијата за Наградата за Општествена Одговорност при што беа претставени документите за пријавување и процесот на евалуација, а сите заинтересирани апликанти можеа да постават прашања и да добијат одговори во врска со Наградата.
Фокусот на денешната информативна сесија беше исто така и популаризирање на наградата за општествено одговорни практики пред македонските претпријатија кои првпат аплицираат и информирање како можат преку неа да ги промовираат своите општествено одговорни активности.

Оваа сесија беше наменета за упатување на новите компании кои првпат се пријавуваат за наградата како да ги пополнат апликациите, на што треба да се фокусираат за да задоволат одредени принципи кои не се само национални, туку се базираат и на европските практики.
На сесијата се обратија претседателот на Бизнис Конфедерација на Македонија г-дин Миле Бошков, претседателот на Националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата г-дин Александар Николов, г-а Маја Ќурчиева од Министерство за Економија и г-а Никица Кусиникова директорка на Конект.

Националната награда за најдобри општествено одговорни практики на претпријатијата во Република Македонија се доделува десетта година по ред. Во изминатите години, голем број од македонските претпријатија пријавија општествено одговорни практики, со кои ја покажаа својата грижа за општеството и животната средина.

И оваа година, Националната награда е помогната од Бизнис Конфедерација на Македонија која настојува да ја промовира општествената одговорност и да ја подигне свеста за нејзиното значење и важност.

Доколку ви се потребни повеќе информации околу Националната награда, слободно контактирајте не!
contact@bcm.mk.

Show Buttons
Hide Buttons