Бизнис Конфедерација на Македонија пристапи кон ,,Global Deal’’

Бизнис Конфедерација на Македонија e првата бизнис организација од регионот која стана дел од ,,Global Deal’’– глобално партнерство за пристојна работа и инклузивен развој.

Партнерството „Global Deal’’ го сочинуваат вкупно 80 различни партнери, односно земји, компании, стопански здруженија, синдикати и други организации. Целта на иницијативата е заедничко решавање на предизвиците кои ги носи глобализацијата, како што се нееднаквиот развој и прашањето на пристојна работа. Главниот фокус во овој процес е социјалниот дијалог, како клучна алатка за постигнување поголема еднаквост и инклузивен раст. Конкретно, оваа иницијатива работи во насока на охрабрување на владите, работодавачите, синдикатите и другите организации кон подобрување на социјалниот дијалог.

Со приклучување кон партнерството, Бизнис Конфедерација на Македонија се заложува за подобрување и зајакнување на социјалниот дијалог, што е во согласност со програмата на БКМ и заложбите за креирање​ и имплементација на економско-социјалните политики.

Глобалното партнерство „Global Deal’’ се спроведува од 2016 година на иницијатива на шведскиот премиер. Претставува здружување на различни засегнати страни во согласност со Агендата за одржлив развој до 2030 година на ООН, а под покровителство и во соработка со Организацијата за европска соработка и развој и Меѓународната организација на трудот.

Show Buttons
Hide Buttons