Барање за прибирање на понуди за изнајмување на просторија со опрема за вокациски обуки во Скопје, Битола и Штип

Инструкции за понудувачи

1. ВОВЕД
Здружението на бизнис жени (Нарачател) со седиште на ул. „Васил Ѓоргов“ бр. 11, 1000 Скопје, како партнер, заедно со Бизнис конфедерација на Македонија и Институт за менаџмент поддршка, го спроведува проектот „ПРОГРАМА ЗА (САМО)ВРАБОТУВАЊЕ НА САМОХРАНИ МАЈКИ“, финансиран од Европската Унија, и заради спроведување на проектните активности во рамки на проектот Ви доставува Барање за обезбедување на просторија и соодветна опрема за одржување на обука во рамки на активностите на проектот. Набавката за ова Барање е неделива, односно секој понудувач не може да достави одделна понуда за
наведените ставки.

Понудувачот во случај на избор на неговата понуда е должен да обезбеди фактура од Управата за јавни приходи без ДДВ, заради исплата на средства од грант на Европската Унија. Ова Барање е наменето да понуди детални информации за сите правни лица кои нудат изнајмување на простор и опрема потребни за организирање настани, и соодветен кетеринг.
2. ОПИС НА ПОТРЕБНИТЕ УСЛУГИ
Понудувачот треба да ги обезбеди следниве услуги:
Простор за обука
– Да обезбеди простор со капацитет од мин. 10 / макс.20 учеснички;
Опрема
– Да обезбеди аудио-визуелна опрема: ЛЦД проектор, платно и сл., како и квалитетен безжичен интернет за време на обуката (стабилен и брз);
– Да обезбеди мин.10 функционални компјутерски машини, за потребите на обуката, со инсталирани програмски пакети, во договор со Нарачателот.
3. ЦЕНА
Предложените цени за побараните услуги треба да се фиксни, без вклучен ДДВ и изразени во
денари.
4. КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНКА НА ПОНУДИ
Следниве критериуми ќе бидат искористени за оценка на добиените понуди:
Технички критериуми / Бодови
Сала за обука / 10
Опрема / 30
Финансиски критериуми
Цена 60

5. ПРОЦЕДУРА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Заинтересираните субјекти треба да достават скенирани понуди со технички и финансиски предлог на е-маил info@abw.mk најдоцна до 12.09.2017 год. до 16 часот со назнака Понуда за изнајмување на просторија за обука и опрема. Несоодветни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.
6. ИНФОРМАЦИИ
Повеќе информации може да бидат побарани на 02 / 314 0703 или на е-маил info@abw.mk.

Поединечните огласи за секој од градовите наведени во овој повик можете да ти погледнете на следниве линкови:

Барање за Вокациски простор и опрема во Скопје

Барање за Вокациски простор и опрема во Штип

Барање за Вокациски простор и опрема во Битола

Show Buttons
Hide Buttons