БРЗО РАСТЕЧКИ КОМПАНИИ „ГАЗЕЛИ“

GAZELI

Брзорастечките компании – газели се срцето на секоја економија. Тие го покажуваат потенцијалот кој го носи идниот економски развој, новите трендови и правци во кои е најпрофитабилно да се прави бизнис, тие отвораат многу нови работни места. Додека во развиените пазарни економии, првата асоцијација за брзорастечки компании  е некоја иновативна технолошка фирма или некоја уникатна бизнис претприемачка идеја која носи огромна заработувачка со која се наградува претприемачкиот ризик, во Македонија компаниите кои брзо растат се далеку од оваа приказна. БКМ се стреми кон приближување и водење на компнаиите до светските трендови.

Секоја голема фирма која некогаш го почнувала бизнисот била мала фирма. Многу фирми растат во бизнисот и стануваат големи, а голем  е  и бројот на оние кои остануваат мали. Клучот за успехот во бизнисот не е во големината на фирмата. Суштината е фирмата да има бизнис модел и услови кои што ќе и овозможат да има раст и профитабилност.

Брзорастечките компании придонесуваат за пораст на вработеноста и учествуваат како главни чинители во создавањето на нови работни места. Исто така, ја поттикнуваат продуктивноста  и конкурентноста во дејноста, и го поттикнуваат економскиот раст. Брзорастечките компании се значајни бидејќи влијаат врз: намалување на невработеноста, значајни се и за БДП и креирање на додатна вредност, малите и микро претпријатијата играат активна и круцијална улога во иновацискиот процес, исто така тие се клучен фактор за воспоставување рамнотежа на микро и макро ниво. Овие бизниси обично функционираат на основата на претприемништвото кое се заснова на некаков вид на иновација. За моќта на иновацијата зборуваат и низа примери на производи кои се дел од нашето секојдневие а започнале како иновативна идеа на некој претприемач.

Show Buttons
Hide Buttons