БКМ ЗА БИЗНИС И ИНТЕГРИТЕТ И УСОГЛАСЕНОСТ СО ЗАКОНИТЕ

Бизнис  интегритет !

Бизнис интегритетот, етиката и транспарентноста се основата за чесно и одговорно водење на бизнис . Меѓутоа, само до оној момент додека компанијата не се посвети на тоа да ги направи интегрален дел на својата деловна работа.

Во БКМ деловната усогласеност е основниот параметар за БИЗНИС „МИРЕН СОН“, усогласеното водење на бизнис ( спред закони и според етички деловни норми)  бара континуирана  посветеност  во работење  секоја компанија  секој ден. Од намалување на ризици до скрупулозно запазување на законите и регулативите, усогласеноста треба да е вградена во компаниската „ ДНК “  и да биде  видлива во сите практики и напори за намалување на ризици, етички процеси на донесување одлуки и политики за корпоративно управување. Поради тоа Бизнис Конфедерација на Македонија  ревносно верува дека да се прави правилната работа на прав и правичен  начин и дека е единствениот начин да се води бизнис.

Едноставно, тоа е нешто што го прават  чесни работодавачи,  лидери во својата компанија и бизнис .

Бизнис Етика !

Концептот  за бизнис етика доаѓа од различни нешта поврзани со  различни луѓе, но генерално претставува насока што потенцира што е добро и препорачливо за работното место.Бизнис етиката ги претставува  општите, прифатливите и  пристојните дејства кои се вклучуваат во поимот на добронамерно бизнис работење во однос на ефектите од производите/услугите како и во односите со деловните партнери и сите заинтересирани страни.Треба да се посвети  внимание на бизнис етиката особено за време на значајни промени-кога менаџерите  се соочуваат со значајни бизнис зделки,без оглед на тоа дали ќе биде од профитен или непрофитен аспект. Во време на фундаментални промени,вредностите кои претходно беа земени “здраво за готово” сега се ставаат под голем прашалник.Многу од тие вредности не треба да се следат туку да се обновуваат и спроведуваат постојано .Консеквентно,сеуште не постои разјаснет морален компас кој што ќе ги води лидерите, бизнисмените, работниците низ комплексот на дилеми за тоа што е добро а што лошо и што треба да биде земено како насока за профитабилен бизнис.

Вниманието кон етиката на работното место  го изоштрува чувството за делување кај лидерите/менаџерите и вработените за тоа како треба да работат. Можеби и најбитно,вниманието на етиката на работното место,претставува силен морален компас за менаџерите за справување за време на конфузност и за време на криза. Сепак, вниманието кон бизнис етиката обезбедува и други бројни придобивки, како придобивките кои покасно ќе бидат наброени во овој документ.Ве молиме имајте во предвид дека ќе има реакции за бизнис етиката,во однос на прописите за ”извршување на правилната работа”, кои што ги потврдуваат добро познатите фрази “биди добар“ , “не лажи“ , “биди искрен” “биди чесен во работата“,така што оние  луѓе кои ќе противречат  на предходно наведеното,не ја разбираат бизнис етиката сериозно. За многу од нас овие принципи можат да бидат вистинско решение за време на стресни ,кризни ситуации. Консеквентно, бизнис етиката може да биде силна превентивна бизнис медицина.Како и да е, тука се споменуваат и многу други придобивки од менаџирањето со етиката на работното место.

Етички принципи за спроведувачите на бизнисот

1.ЧЕСНОСТ.Етичките менаџери треба да бидат чесни и правични во сите нивни зделки и не треба намерно да влезат во заблуда или во измама на другите преку погрешни активности , преувеличување ,полувистини или невистини , селективни пропусти или било кои други дејства кои ќе доведат до непосакуван тек на работата.

2.ИНТЕГРИТЕТ.Етичките лидери треба да покажуваат личен став и цврстина во нивните убедувања(размислувања) за тоа што мислат дека е право дури и кога постои притисок за да се направи поинаку,тие се принципиелни, чесни и цврсто стојат зад своите убедувања.

3.ЧУВАЊЕ НА ДОВЕРБА. Етичките лидери треба да  бидат достојни за доверба.Тие треба да се искрени во обезбедувањето на  релевантни информации и да ги корегираат фактите на заблуда.Тие треба да вложуваат рационален напор со цел да се спроведе смислата и насоката на ветувањата  и задолженија.Тие не ги интерпретираат договорите на неразумен технички или легалистички начин со цел да покажат нерационална неусогласеност или пак да го оправдаат  бегството од своите обврски.

4.ЛОЈАЛНОСТ.Етичките лидери треба да бидат достојни за доверба,треба да покажуваат верност и лојалност кон лицата и институциите,покажувајќи пријателство и помош  во неволја,поддршка и посветеност кон должноста.Тие не треба да откриваат информации кои ги добиле преку доверба со цел стигнување на лична корист.Тие ја зачуваат можноста за да направат произволен професионален суд со цел да  избегнат ифлуенци на конфликти на интереси.Тие се лојални на нивните компании и колеги ,така што ако тие одлучат да прифатат други вработувања,тие обезбедуваат разумна забелешка и рок и ги почитуваат информациите од нивниот претходен работодавач.

5.ПРАВЕДНОСТ.Етичките менаџери се фер и праведни во сите ситуации;тие не ја спроведуваат моќта произволно и не ги земаат како предност грешките и тешкотиите на другите.Тие не користат непристојни средства  со цел да обезбедат предност пред другите.Етичките менаџери спроведуваат правичност,еднаков третман на поединците,покажуваат толерантност и ја прифаќаат различноста,тие се слободоумни и подготвени да признаат кога грешат и кога е потребно, прифаќаат да ги променат нивните ставови и верувања.

6.ГРИЖА ЗА ДРУГИТЕ. Етичките менаџери се грижат,сочувствуваат,покажуваат љубезност и добротворност.Помагаат на оние на кои им е потребна помош и успешно ги завршуваат своите бизнис цели на начин кој не предизвикува штета,а овозможува најголемо позитивно добро.

7.ПОЧИТ КОН ДРУГИТЕ. Етичните менаџери покажуваат почит кон: човечкото достоинство,автономијата,приватноста и правата на другите.Тие ги почитуваат интересите на сите оние кои имаат удел во нивните одлуки.Менаџерите треба да бидат пристојни да ги третираат луѓето со  еднаква почит и достоинство без оглед на нивнита пол,раса и националност.

8.ПОЧИТУВАЊЕ НА ЗАКОНИТЕ.Менаџерите треба да ги почитуваат законите,правата и регулативите кои влијаат на нивните бизнис активности.

9.ЗАЛОЖБА ЗА КВАЛИТЕТ. Менаџерите треба квалитетно да ги извршуваат своите обврски,тие треба да бидат добро информирани и подготвени и постојано да настојуваат да ги зголемат нивните вештини и капацитети за  областите на нивната одговорност.

10.РАКОВОДСТВО.Директорите и менаџерите се свесни за можностите и обврските кои произлегуваат од нивната позиција на раководење.Преку нивната улога тие треба да претставуваат етички модел со нивното однесување и да помогнат да се создаде работна средина каде што принципиелното размислување и расудување како и  етичкото донесување на одлуки ќе бидат високо оценети.

11.РЕПУТАЦИЈА И МОРАЛ.Етичките менаџери сакаат да се заштити компанијата и да се изгради нејзина добра репутација преку моралот и почитта на нејзините вработени како и нивните заложби и активности со што би се спречило или би се поправило несоодветно однесување на другите.

12.ОДГОВОРНОСТ.Менаџерите треба да ја признаат личната одговорност од донесувањето на одлуки.Ова напоредно важи и за пропустите и грешките кои што можат да произлезаат и кои би влијаеле на соработниците на другите компании и нивните заедници.

Основни насоки за воспоставување на бизнис усогласеност и деловна етика

Законите или договорите не можат да предвидат ненадејни или неочекувани промени во животот.Затоа честопати претприемачите донесуваат одлуки врз здравиот разум и свеста и врз основа на важечките закони.Во принцип,клучот за градење на основата на бизнисот не смее да се темели на лажење,крадење подмитување и слично.Од тука репутацијата на компанијата е  препорачливо  да се гради врз:

  • Посветеност кон интегритет,компетентност и квалитет,
  • Секогаш да се спроведува бизнисот во рамките на расположливите средства,
  • Почит кон вашите партнери и учесниците во заедничкото бизнис вложување,
  • Одстапување од насилство или закани за насилство како методи за постигнување на бизнис успех,
  • Одстапување од криминал и корупција покажувајќи дека криминалот и корупцијата стануваат непрофитабилни за секого,
  • Покажувајќи ја довербата како Ваш став,покажувате дека довербата е основата за претприемништвото и клучот за успехот

Која е тајната за донесувањето на правила за етичко однесување во компанијата?

Напишете ги!.

За време на пишувањето и создавањето на кодексот, Вие ќе ја научите вашата компаниска етика.Всушност,кога ќе се запрашате”Кои се нашите правила” најдобро ќе биде правилата да ги подготвите во насока за да ја направат вашата компанија звучна,преку етички бизнис препораки. 

БКМ за своите членови и деловната заедница подготви модели на етички документи кои ке Ве доближат до етичките практики за водење бизнис .

Ве молиме контактирајте не во секторот за ООП и Деловна усогласеност при БКМ

 

Show Buttons
Hide Buttons