АПЛИЦИРАЈТЕ ЗА НАЦИОНАЛНА НАГРАДА ЗА НАЈДОБРИ ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНИ ПРАКТИКИ

По деветти пат ќе се додели Национална награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија од страна на Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија и Министерството за економија на Република Македонија.

На 3-ти јуни 2016 година објавен е конкурс за пријавување за наградата за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија реализирани од 1-ви јануари 2015 до 1-ви јуни 2016 година. Пријавите се примаат заклучно со 15-ти август 2016 година. Право на учество имаат сите претпријатија регистрирани во Република Македонија кои ќе достават комплетна пријава во предвидениот рок.

Наградите се доделуваат во следните категории:
– Однос кон вработените;
– Етичко управување;
– Односи на пазарот со снабдувачите, потрошувачите или купувачите;
– Однос кон животната средина;
– Вложување во заедницата.
И оваа година, ќе се додели признание за најинвентивен проект или практика.

Претпријатијата имаат право да конкурираат најмногу со по една пријава во секоја од категориите. Одлучувачки фактори при оценувањето на пристигнатите пријави се идејата, квалитетот и постигнатите резултати, а не износот на финансиски средства вложени во проектот. Во секоја категорија ќе има награда за големо претпријатие и награда за мало или средно претпријатие. Наградените ќе бидат избрани од страна на стручни жири комисии според однапред утврдени постапка и критериуми, а статуетки и плакети ќе им бидат врачени на свечена церемонија која ќе се одржи во октомври/ноември 2016 година.

Во прилог се: Огласот за наградата на македонски и албански jaзик, Формуларот и насоките.
Национална награда, трета година по ред, е помогната од проектот „Општествена одговорност за сите“, кој е кофинансиран од Европската унија и во Македонија го спроведува Бизнис Конфедерација на Македонија.



 

Show Buttons
Hide Buttons